Добродојдовте во Атеистичка Република! Заедница за атеисти насекаде.

Ова е Атеистичка Република. Не се плашиме да се нарекуваме тоа што сме. Ние сме атеисти и сме горди на тоа. Нема да се извинуваме за тоа што го правиме и за тоа што не веруваме. Нема да се преименуваме за да се скриеме од омразата и нема да останеме изолирани поради стравот од тоа дека ќе бидеме демонизирани кога ќе бидеме обединети. Не можеме да останеме притаени додека сведочиме суровост и неправда, бидејќи не сме само атеисти – ние сме атеисти кои се засегнати. Атеистичка Република ве снабдува со битни вести, ресурси и медиум со кои што атеисти можат слободно да се изразуваат на различни начини, како форуми за дискусии, блогови и слики со смешни, инспирирачки и мисло-поттикнувачки содржини.

Придружете се на заедницата на Атеистичка Република: Пријавете се за да бидете дел од дискусиите на форумите, претплатете се на нашите писма и станете член на менаџмент тимот на АР.

Атеизам е недостаток на верување во божества.

Атеизамот е многу индивидуалистички. Додека религиите ги обединуваат нивните членови со главен сет на верувања и однесувања, атеистите едноставно ги обединува тоа што тие не веруваат во богови. Ова отсуство на верување во богови може да заземе различни форми. Некои атеисти со сигурност веруваат дека нема бог, други едноставно не се убедени дека нешто како бог постои. Освен ова, атеистите прифакаат широк спектар на идеологии и филозофии кои им се прифатливи.

Атеистичкото движење

Атеистите се едно од најбрзо растечките малцинства во светот и многу луѓе со задоволство одбираат да го кажат своето мислење јавно, а не да го кријат од општеството. Во некои случаи, ова јавно декларирање како атеист може да има негативна реакција кај пријателите или фамилијата, но во некои предели, може и да е опасно да се декларира некој како атеист.

Членови од движење за права на атеистите може да се заинтересирани да растат деца без влијание од религија во училишта. Може да се мачат да обезбедат сигурност во религиозни општества. Многу кои не веруваат се дел од социјални активистички движења посветени на заштита на човечките права на многу луѓе, без разлика на верувањата.

Се ова значи дека нема едно одредено “атеистичко движење.”

Нема единствен претставник за сите атеисти

Атеистичкото движење има многу лица и секоја индивидуа има можност да направи разлика како што тој или таа посакува. Исто како што безбожништвото може да доведе до различни лични филозофии за животот кои го прославуваат индивидуализмот и слободното мислење, силата на атеистичките движења доаѓа од разликата во мислењата.

Се ова значи дека не постои единствен претставник за атеизмот или атеистичкото движење. Ниту една индивидуа не прави нешто што е универзално точно или пак некако е подобар атеист од кој било друг. Нема специфични доктрини за следење и задолжителни мислења кои мора да се поседуваат.